18 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРаст на профитот на американските банки

Раст на профитот на американските банки

amer bank2

Профитот на американските банки пораснал во првиот квартал 6,9 отсто на годишно ниво, со раст на приходите и намалување на обемот на лоши кредити.

Податоците на Федералната корпорација за осигурување на депозитите покажа постепено, но стабилно закрепнување на банкарската индустрија, со најнизок број на проблематичните банки во последните шест години, пренесува Танјуг.

На профитот што банките го остваруваат со кредитите влијаеа и ниските каматни стапки во трите месеца, заклучно со март.

Федералната корпорација за осигурување на депозитите наведува дека банките во САД во првиот квартал заработиле 39,8 милијарди долари, во однос на 37,2 милијарди од истиот период минатата година.

Речиси 63 отсто од банките оствариле раст на профитот на годишно ниво, додека само 5,6 отсто од банките биле непрофитабилни, што е најниско ниво од второто тромесечје во 2005 година.

Обемот на ризични кредити е намален шест отсто, додека обемот на издвојување за покривање на загубите на кредитите е зголемен 0,6 отсто на 52,5 милијарди долари.

Бројот на банките што Федералната корпорација за осигурување на депозитите ги смета за проблематични е намален на шестогодишниот минимум од 253, во однос на 291 од четвртиот квартал минатата година.

„Просечната каматна стапка на кредитите е намалена на 3,02 отсто од 3,16 отсто од минатогодишниот прв квартал“, наведуваат од Федералната корпорација за осигурување на депозитите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП