2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЗошто сите во Монако се богати?

Зошто сите во Монако се богати?

mon ako

Какви асоцијации имате кога ќе слушнете Монако? Казина, јахти, скапи автомобили. Сите знаеме дека Монако е нешто како главен град на луксузот.

Во малата држава живеат едвај 38.000 луѓе. На секој трет, еден е милионер. Државата има највисок БДП по глава на жител во светот. Зошто?

Главната атракција се ниските даноци. Данок на доход, всушност, нема од 1869-та година, а останатите даноци се многу ниски. Тоа ги привлекува богаташите од 100 држави кои ја менуваат својата адреса на живеење.

mon ako1

Некои од најпознатите граѓани на Монако се пилотот во Формула 1, Луис Хамилтон и тениска ѕвезда Новак Ѓоковиќ, кои живеат таму токму поради даноците. Освен даноците, во Монако на луѓето им се допаѓа и „атмосферата“. Времето е убаво во речиси целата година, земјата е политички стабилна, цела година се одржуваат елитни настани, како Grand Prix и други.

До Монако се стигнува лесно од аеродромот во Ница (Франција). Многу богаташи го преферираат Монако пред офшор териториите, како Кајманските острови. На такви далечни дестинации луѓето се чувствуваат како во егзил. Во Монако, сепак, не постои такво чувство.

Монако е голем колку Централ Парк во Њујорк. Пазарот на недвижности тука е еден од најскапите во светот. Има голема побарувачка, а цените се високи. Луксузниот имот чини 50% повеќе од оној во Њујорк!

mon ako2

Друг голем бизнис се јахтите, па така многу често со стан можат да ви продадат и малку помала јахта.

Финансискиот сектор во Монако е одговорен за 17% од приходите на економијата. Она што може да Ве зачуди е дека Монако не е место за мирен одмор на богаташите. Овде постојано се слуша звукот на моќни автомобили. Дури во пентхаусите во високите згради одекнува бучавата на моторите на супер автомобилите кои парадираат по улиците. Голем дел од туристите кои доаѓаат тука, го посетуваат само за да направат фотографии од луксузните автомобили.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП