
Денеска во Порторож започнува дводневниот Самит на 100 бизнис лидери во југоисточна Европа.


Денеска во Порторож започнува дводневниот Самит на 100 бизнис лидери во југоисточна Европа.
Според агендата, на овој собир главни теми на кои ќе се разговара е можноста за регионална соработка во областа на енергетиката, туризмот, транспортот и инфраструктурата, како и финансискиот сектор, особено улогата на „паметните“ градови во развој на економијата.
На четвртиот годишен собир на најистакнатите претприемачи и деловни луѓе од земјите од југоисточна Европа, како претседателите на државите од целиот регион, бизнис лидерите ќе говорат за можните заеднички проекти во повеќето сектори, како што се храна и пијалаци, енергетика, инфраструктура и транспорт, дигитална економија, туризам, како и економија темелена на знаење.