
Сообраќајот на сите патишта низ државата се одвива по претежно суви коловози.


Сообраќајот на сите патишта низ државата се одвива по претежно суви коловози.
АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Кочани – Делчево, Виница – Берово каде е можна почеста појава на одрони.
Од ГЕИНГ известуваат дека на 01.06.2015г. од 09:00 – 13:00 часот ќе се изведуваат теренски истражни работи на мост на река Којнарка во Долно Којнаре и во тој период мостот ќе биде затворен за сообраќај.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.