19 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАШојбле му понуди на Варуфакис чоколадни евра за да се смири

Шојбле му понуди на Варуфакис чоколадни евра за да се смири

Image (7)

Германскиот министер за финансии Волфганг Шојбле му понуди на својот грчки колега Јанис Варуфакис чоколадни евра како средство за смирување на „неговите нерви“.

Откако во јануари по предвремените парламентарни избори во Грција на власт дојде коалицијата на радикалната левици Сириза со ветувањето дека ќе ги прекине мерките за строго штедење договорени со странските доверители во замена за пакетот странска финансиска помош од 240 милијарди евра и околу 110 милијарди евра отпишани од приватните доверители, Волфганг Шојбле често се судираше со својот грчки колега министер за финансии Јанис Варуфакис поради грчкиот долг и економските реформи кои Атина мора да ги спроведе.

Во интервјуто за детската емисија „Лого“ емитирана на германската телевизија ZDF претходно седмицата, девојченцето новинар на Шојбле му понуди чоколадни евра. „Ќе земам неколку за својот грчки колега, и тој треба да има силни нерви“, рече Шојбле.

Грција се надева дека со меѓународните кредитори ќе постигне договор оваа седмица, но и по четиримесечните тешки преговори пресвртот сé уште не е на повидок. Грција, доколку не постигне договор, следните неколку седмици може да банкротира.

Во првите две седмици од јуни доаѓаат за наплата и двете транши од долгот кон Меѓународниот монетарен фонд (ММФ). Грција во периодот меѓу 5-ти и 15-ти јуни на ММФ мора да му врати четири заеми во вкупен износ од 1,6 милијарди долари, а првиот дел од исплатата на 5-ти јуни треба да изнесува 300 милиони евра.

Доколку не биде постигнат договор меѓу ЕУ и ММФ за новите заеми за Атина, Грција најверојатно нема да биде во можност да го почитува првиот рок за исплатата на 5-ти јуни, што би можело да иницира постапка којашто може да доведе до излегување на земјата од еврозоната.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП