6 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗHonda го брка рекордот за економичност (фото)

Honda го брка рекордот за економичност (фото)

honda0

„Honda“ се подготвува да постави рекорд по економичност во потрошувачката на гориво, кој ќе биде запишан во Гинисовата книга на рекорди. Целта е да се докаже ефикасноста на 1,6-литарскиот дизел мотор на брендот, а тоа ќе се случи за време на големо тест возење со должина од 13.000 км.

Проектот ќе стартува на 1-ви јуни, кога двајца инженери од европската поделба на компанијата ќе започнат патување со „Honda Civic Tourer“. Тие ќе стартуваат од Аалст (Белгија), а за 25 дена ќе посетат 24 држави од ЕУ плус Русија.

honda0 (1)

Фергел МакГрат и Џулијан Ворен ќе поминуваат 7,5 часа дневно зад воланот на возилото, на кое ќе бидат монтирани уреди за следење на точноста на податоците. Цело време тие ќе ја снимаат маршрутата по која минуваат, како и потрошувачката на гориво.

За да нема сомневање во показателите, од „Honda“ ќе поканат и независни сведоци. Освен тоа е создаден и посебен сајт на интернет, на кој во реално време ќе можат да се следат сите податоци од тест возењето. За рекордот да биде официјално прогласен, ќе се користи стандарден автомобил на кој нема да бидат остварени измени или подобрувања.

honda0 (2)

Според регулативата, машината ќе биде прегледана од независни експерти како на почетокот, така и на крајот на патувањето. Во Правилникот исто така е запишано дека возилото цело време треба да се движи по патишта, па затоа од маршрутата му недостасуваат островски земји како Велика Британија, Ирска, Кипар и Малта, кoи исто така влегуваат во ЕУ.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП