Економскиот раст во Индија во текот на буџетската 2014-2015 година која заврши на 31 март, достигна 7,3 проценти од бруто домашниот производ (БДП).
Ова е благ раст од 0,5 проценти во однос на минатата година кога е остварен раст од 6,8 проценти, покажуваат податоците на Заводот за статистика на Индија.
Владата во Њу Делхи предвиде незначително повисок раст за 2014-2015 година од 7,4 проценти, пренесува агенцијата АФП.