25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАШојбле ги закопа надежите на Грција за брз договор

Шојбле ги закопа надежите на Грција за брз договор

shojbleble1

Германскиот министер за финансии Волфганг Шојбле, домаќин на економскиот самит на групата Г7 во Дрезден, во петокот оцени дела „позитивните изјави“ од страна на грчката влада „не го одразуваат во целост“ напредокот остварен во разговорот меѓу Атина и нејзините доверители.

Претставници на грчката влада претходно седмица, по повеќето напнати месеци преговори чија цел е да се деблокира финансиската помош за Атина, неколкупати даваа изјави од кои може да се насети дека постигнувањето на договорот се очекува секој момент. Меѓутоа, грчките партнери едногласно ги негираа таквите тврдења.

Германскиот министер за финансии Волфганг Шојбле уште во средата вечерта изјави дека е изненаден од информациите коишто пристигнуваат од Атина, а другите функционери присутни на самитот во Дрезден, меѓу кои и челничката на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), Кристин Лагард, како и еврокомесарот Пјер Московиси, изјавија дека до постигнувањето на конечниот договор останало уште „многу работа“, пренесува AFP.

Грчката агенција за статистика Elstat во петокот ја потврди информацијата за враќањето на Грција во рецесија во првиот квартал од 2015 година, одбележано со падот на инвестициите од 7,5 отсто.

Процените од 13-ти мај покажаа дека бруто домашниот производ (БДП) паднал за 0,2 отсто во однос на претходниот квартал, во кој исто така забележал пад за 0,4 отсто во однос на третото тримесечје од минатата 2014 година. Падот на БДП-то две тримесечја по ред го означува влегувањето на земјата во рецесија.

Грција и нејзините доверители веќе четири месеци се во преговори за договорот кој на земјата би ѝ овозможил излегување од кризата. Без постигнување на договор, на Атина ќе ѝ биде речиси невозможно да ги извршува своите обврски и може да се соочи со банкрот, следствено и со излегување од еврозоната. Новиот круг преговори започна во Брисел во средата.

Во меѓувреме, во средата навечер, американскиот министер за финансии, Џејкоб Ли, повика на итно решавање на грчката криза пред таа „да излезе од контрола“. Предупреди и на ризиците за глобалната економија доколку Грција банкротира и излезе од еврозоната.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП