29 март, 2024
ПочетнаКОМПАНИИПетте најомилени компании на милијардерите

Петте најомилени компании на милијардерите

billionaires11111

Инвеститорите често ги следат милијардерите во нивните инвестиции. Постојат веќе неколку индексни фондови кои ги следат портфолијата на милијардерите-активисти. Интересно е да се види кои компании најчесто се наоѓаат во портфолиото на најбогатите инвеститори.

Петте најчести компании во портфолијата се „Аctavis“, „Citigroup“, „Google“, „eBay“ и „Baidu“, според истражувањето направено меѓу над 700 инвестициски фондови и позициите на 59 милијардери.

Бројот на милијардери со позиции во фармацевтската компанија „Actavis“ порасна до 26 во првиот квартал на годината, наспроти 18-те во претходниот квартал. Вкупната нивна позиција во оваа компанија е во вредност од 10.52 милијарди долари во однос на 6.2 милијарди долари кон крајот на минатата година. Компанијата објави подобри резултати од очекувањата во првиот квартал, и покрај падот во меѓународна продажба за 14%, поради силниот долар.

Бројот на милијардери со позиции во „Citigroup“ се зголеми до 18 кон крајот на март во однос на 14 колку што беа еден квартал порано. Вкупната позиција е во износ од 2.99 милијарди долари во однос на 3.26 милијарди долари од претходниот квартал. Кен Фишер од „Fisher Asset Management“ e со најголема позиција во американската банка, затоа што држи 11.69 милиони акции во вредност од 602.35 милиони долари.

Вкупно 17 милијардери се со позиции во „Google“ со вредност од 2,66 милијарди долари. За споредба, кон крајот на минатата година нивниот број бил едвај 13. Акциите на компанијата се зголемија за околу 2.9% од почетокот на годината. Големите промени кај „Google“ се поврзани со воведување на копчето „купи“ на страницата на интернет пребарувачот, како и плановите за револуционализирање на начинот на онлајн плаќање. Фондот „Southeastern Capital Management“ на милијардерот Мејсон Хоукинс има нова позиција во интернет пребарувачот во вредност од околу 500 милиони долари во првиот квартал.

На четвртото место, повторно со 17 милијардери, е друга интернет компанија – „eBay“. Тука позицијата на милијардери е со вредност од 7.29 милијарди долари во однос на 6.73 милијарди долари на крајот на минатата година. Од почетокот на годината акциите на компанијата поскапеле за 5%. Карл Ајкан држи позиција од 46.27 милиони акции во компанијата во вредност од 2.67 милијарди долари.

На петтото место е кинескиот интернет пребарувач „Baidu“. И во него имаат инвестирано 17 милијардери, а вредноста на инвестицијата изнесува 3.09 милијарди долари. Од почетокот на годината акциите на компанијата се поевтини за 12.19%. За 25% е зголемена позицијата на Фондот „Lone Pine Capital“ на Стивен Мандел – до 5,28 милиони акции во вредност од 1,1 милијарди долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП