22 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЗабави економскиот раст на Британија

Забави економскиот раст на Британија

velika-britanija545343

Британската економија во првиот квартал оваа година се соочи со забавување, а стапката на нејзиниот раст е преполовена во однос на претходните три месеци, покажаа вчера официјалните податоци во Лондон.

Бруто домашниот производ во три месеци, заклучно со март, е зголемен за 0,3 проценти во однос на 0,6 проценти од претходниот квартал, соопшти британскиот Завод за статистика, пренесува агенцијата Франс прес.

Заводот исто така потврди дека економијата на Британија минатата година пораснала за 2,8 проценти, што е најголемата стапка меѓу седумтте најразвиени економии во светот – Г7.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП