21 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАММФ и се закани на Грција

ММФ и се закани на Грција

gt

На Грција ќе и биде ускратено финансирањето од Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) доколку не и го врати долгот на време на оваа инситутиција, изјави портпаролот на ММФ, Вилијам Мари.

„Било која држава која не ги исполнува своите обврски кон фондот губи пристап до средствата од ММФ“, рече Мари, пренесува Франс прес.

Портпаролот на ММФ, меѓутоа, порача дека верува оти Атина ќе ги врати своите долгови на време.

Грчкиот министер за внатрешни работи Никос Вуцис претходниот викенд изјави дека Атина нема следниот месец да ја отплати новата транша од долгот на ММФ затоа што нема пари.

„Четири рати од долгот кон ММФ кои треба да бидат исплатени во јуни изнесуваат 1,6 милијарди евра, но овие пари нема да бидат исплатени, бидејќи ги немаме“, рече Вуцис.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП