19 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗFord им ја понуди на ривалите својата технологија за EV возила

Ford им ја понуди на ривалите својата технологија за EV возила

ev ford

„Teslа Motors“ во 2014-та објави дека се откажува од заштита на своите „EV“ патенти, а компанијата „Toyota“ на сличен начин на светот му ја „поклони“ својата технологија за автомобили на водород.

Сега и „Ford“ ќе им овозможи на ривалите пристап до технологиите за хибридни и електрични возила, но со одреден надомест.

Исто како „Teslа“ и „Toyotа“, „Ford“ мотивот за ваквиот потег го пронајде во потребата на глобално ниво да се забрза развојот на технологиите за еколошки прифатливи возила.

ev ford1

Американскиот производител верува дека со споделувањето на знаењето за возилата на електричен погон, кои ги има заштитено во своите патенти, ќе поттикне размена на информации меѓу авто-компании и ќе го промовираат брзиот развој и примената на идните пронајдоци во оваа област.

„Ford“ има преку 650 регистрирани „EV“ патенти, а има поднесено уште околу 1.000 барања за регистрирање на нови патентни решенија за хибридни и електрични автомобили.

Само во 2014-та, компанијата има пријавено повеќе од 400, што прави 20 проценти од сите поднесени барања за регистрирање на патенти на овој производител во изминативе години.

ev ford2

Меѓу нив се и решенија со кои ќе се зголеми автономијата на возење на електричните автомобили, како и траењето на погонските батерии.

„Ford“ моментално во својата гама има шест хибридни и електрични модели: „Focus Electric“, „Fusion Hybrid“, „Fusion Energy Plug-In Hybrid“, „C-MAX Hybrid“, „C-MAX Energy Plug-In Hybrid“ и „Lincoln MKZ Hybrid“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП