1 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАУСАИД ќе им помогне на 160 производители на пченка и сончоглед да...

УСАИД ќе им помогне на 160 производители на пченка и сончоглед да ги дуплираат приносите

пценка---

Проектот на УСАИД за експанзија на мали бизниси, кофинансиран од Владата на Швајцарија, во четвртокот го одбележа проширувањето на иницијативата “Да одгледуваме повеќе пченка”.

Оваа година преку иницијативата се донираат 160 системи за наводнување капка-по-капка за одгледување на пченка и сончоглед. Амбасадорот на САД, Џес Бејли, Министерот за земјоделство, Михаил Цветков, и Заменик шефицата на мисијата на Швајцарија, Катарина Штокер, свечено ги вклучија првите два системи капка-по-капка на полињата со пченка на Мендуљ Фетаи од с. Лопате и Игор Јанкуловски од с. Голозинци.

„Системите капка-по-капка ќе бидат од корист за производителните на пченка, но и за млекопроизводната индустрија. Ги повикуваме земјоделците и млекопреработувачите да ни се придружат во трансформирање на производството на пченка и млеко во Македонија преку инвестирање во нова технологија и преку едукација за најдобрите земјоделски практики.“ изјави Амбасадорот Бејли.

„Се надевам дека со континуираната поддршка од нашите партнери – Министерството за земјоделство, Агенцијата за поттикнување на развој на земјоделството и млекопреработувачите – производството на пченка и млеко во Македонија ќе стане попрофитабилен бизнис,“ додаде Бејли.

На демонстрацијата на системите капка-по-капка присуствуваа и градоначалниците од североисточниот и вардарскиот регион, директорите на Центрите за регионален развој на двата региони, претставници од Агенцијата за поддршка на земјоделскиот развој, како и локални земјоделци.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП