1 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАNasdaq достигна рекордно ниво

Nasdaq достигна рекордно ниво

berza1

Цените на акциите на Волстрит значително пораснаа, при што Nasdaq достигна највисоко ниво во историјата, што се должи на скокот на цените во технолошкиот сектор и оптимизмот во врска со решавањето на грчките должнички проблеми.

Dow Jones зајакна 121 поен, или 0,67 отсто, на 18.162 поени, додека S&P 500 скокна 0,92 отсто, на 2.123 поени, а Nasdaq се зголми 1,47 отсто, на 5.106 поени.

Цените на акциите пораснаа во девет од 10 сектори на S&P 500 индексот, а најмногу за 1,8 отсто, скокна технолошкиот сектор. На вредност, од 0,11 отсто, загуби само енергетскиот сектор поради падот на цената на нафтата.

Грчката влада објави во средата дека е близу спогодба со кредиторите што ќе и отвори пат до натамошна меѓународна помош. Но, европските функционери ја отфрлија таквата изјава.

Грција и нејзините кредитори веќе четири месеци преговараат за спогодба со која на Грција би и се овозможила нова транша финансиска помош, без која би банкротирала.

Новиот круг на преговори започна во средата во Брисел, а претставниците на Европската комисија порачаа дека двете страни напорно работат на нацрт спогодбата, но за сега нема ништо од договорот.

И покрај контрадикторните информации, цените на акциите значитлено скокнаа надоместувајќи дека од загубите од претходниот ден, кога берзанските индекси потонаа над 1 отсто, што според аналитичарите било претерано.

„Инвеститорите сметаат дека падот на цените од претходниот ден беше последица на претераните реакции. Фактот дека индексите се движат околу рекордните нивоа веќе подолго време, со само скромни падови, охрабрува“, вели Петер Јанковскис, директор во фондот OakBrook Investments.

Сепак, на берзите владее внимателност бидејќи американската централна банка Фед би можела да ги зголеми клучните каматни стапки порано од очекуваното, доколу продолжи низата сигнали дека јакне најголемата светска економија по силната стагнација во првиот квартал.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП