19 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАММФ: Еврозоната може да се носи со излезот на Грција од неа

ММФ: Еврозоната може да се носи со излезот на Грција од неа

evrozona-evro-evropa

Европската централна банка (ECB) има начини да го спречи ширењето на грчката должничка криза, па заедничката европска валута би можела да се носи со излегувањето на Грција од еврозоната, изјави Оливие Баншар, главен економист на Меѓународниот монетарен фонд.

„Анализиравме што би можело да се случи доколку кризата се прошири и на другите земји. Европската централна банка има начини да се фати во костец со тоа“, изјави Оливие Бланшар за германскиот деловен дневен весник Handelsblatt.

На прашањето дали постои опасност од тоа Грција да ја напушти еврозоната, тој вели: „Се надеваме дека тоа нема да се случи, но доколку се случи, убеден сум дека еврото ќе преживее“.

Главниот економист на ММФ, исто така, вели дека е можно да се изнајде решение за Грција, но дека би можело да биде потребна дополнителна меѓународна помош за да се спаси оваа членка на еврозоната. Грција во 2015 година би требало да има трговски вишок од 3 отсто. „Тоа е веројатно премногу амбициозна цел, поради политичките и економските причини“, вели Бланшар.

Европската централна банка ја остави непроменета во средата, првпат од февруари годинава, горната граница за износот за итно финансирање на грчките банки, задржувајќи го притисокот врз Атина и нејзините кредитори да постигнат договор за помошта што е условена со претставување на планот на реформи на тамошната влада.

Во средата грчката влада објави дека е блиску до договор со доверителите, што ќе ѝ овозможи добивање на траншата од меѓународната финансиска помош за да го избегне банкротот. Меѓутоа, подоцна неколку европски функционери го негираа тоа.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП