5 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРечиси преполовен бројот на гладни луѓе во светот

Речиси преполовен бројот на гладни луѓе во светот

kenya2

Стапката на глад во земјите во развој „падна“ за речиси педесет проценти во последните 25 години – истакна ОН.

Според податоците за проценката на (не)исхранетост, може да се каже дека целта е остварена и бројот на гладни е „преполовен“ – наведуваат од агенцијата на ОН во извештајаот „безбедноста на храната во светот во 2015 година“.

Вкупно 795 милиони луѓе – околу едно од девет лица – во моментов нема доволно храна.

Најмногу недоволно исхранети има во Азија – 512 милиони, а следи Африка со 233 милиони.

Во периодот од 1990 до 1992 вкупниот број на неисхранети бил блиску до една милијарда.

Стапката на глад најмногу е намалена во Јужна Америка, како и во источна и југоистона Азија, додека најлоша е состојбата во централна Африка и западна Азија.

Меѓународната заедница во 2000 година усвои развојни цели на ОН, вклучувајчи обврска да биде преполовен бројот на луѓе кои страдаат од глад.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП