11 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈААтина тврди дека договорот е блиску, Брисел негира

Атина тврди дека договорот е блиску, Брисел негира

atina-grcija-greece-grcka

Грчката влада објави во средата дека е блиску до постигнување договор со доверителите кој ќе ја отвори можноста за добивање на пакетот меѓународна финансиска помош, меѓутоа европските функционери многу брзо ја отфрлија таа изјава тврдејќи дека станува збор само за желба на владата во Атина.

„Близу сме до позитивен договор за грчката економија“, изјави грчкиот премиер Алексис Ципрас по состанокот во министерството за финансии со најглавните министри вклучени во преговорите.

„Грчкиот премиер постојано ќе бидат во контакт со другите функционери, за да помогне во процесот на постигнување договор“, изјавиле за Reuters неименувани извори од владата на Грција. Според нив, нацрт договорот се однесува на реформата на данокот на додадена вредност (ДДВ), ревизијата на пензискиот систем и ревизија на долгот на земјата.

Грција и нејзините доверители веќе четири месеци се во преговори за договорот кој на земјата би ѝ овозможил излегување од кризата. Без постигнување на договор, на Атина ќе ѝ биде речиси невозможно да ги извршува своите обврски и може да се соочи со банкрот, следствено и со излегување од еврозоната.

Новиот круг преговори започна во Брисел во средата. Потпретседателот на Европската комисија, Валдис Домбровскис, изјави дека двете страни „напорно работат на нацртот на договорот, но засега уште ништо нема од тоа“. Домбровскис претходно изјави дека „потребно е да се постигне договор колку е можно поскоро“.

Другите европски функционери кои сакале да останат неименувани, биле уште подецидни. Еден од нив грчките изјави ги нарекол „глупост, а друг рекол дека би биле добро да се вистинити“, пренесува агенцијата.

Во меѓувреме, во средата навечер, американскиот министер за финансии, Џејкоб Ли, повика на итно решавање на грчката криза пред таа „да излезе од контрола“. Предупреди и на ризиците за глобалната економија доколку Грција банкротира и излезе од еврозоната.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП