25 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОчекувањата за падот на залихи во САД ја стабилизира цената на нафтата

Очекувањата за падот на залихи во САД ја стабилизира цената на нафтата

nafta33

Цената на нафтата се стабилизираше на светските берзи под ниво од 64 долари, со оглед дека зголемениот курс на доларот ги неутрализираше очекувањата за продолжување на падот на залихите во САД.

На лондонската берза цената на барелот остана речиси непроменета во однос на претходното затворање, на 63,85 долари, а на американската берза со барелот се тргува по 23 центи повисока цена, од 58,26 долари.

Во вторникот доларот скокна кон кошничката валути притиснувајќи ја цената на нафтата која го заклучи тргувањето во минус речиси три отсто. Во средата на почетокот на тргувањето зелената банкнота ослабна 0,33 отсто кон кошничката главни валути, за да потоа се стабилизира, што сопре раст на цената на нафтата.

„Во одредена мера заложници сме на валутните пазари“, констатира Оле Хансен од Saxo Bank.

Поддршка на цената, пак, пружија очекувањата дека најновите податоци од САД повторно ќе покажат пад на залихите, четврта недела по ред, и тоа за два милиони барели. Таквиот тренд сигнализира силна побарувачка во најголемиот светски потрошувач на нафта.

Американскиот институт за нафта (API) денеска треба да ги објави податоци, а владиниот извештај е утре на распоред.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП