21 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАРаст на европските берзи по дводневен пад

Раст на европските берзи по дводневен пад

berza zvonce

Цените на акциите на европските берзи пораснаа, по остриот пад во претходните два дена, што се должи на растот на цената на нафтата и на добрите вести на компаниите.

FTSEurofirst индексот на 300 водечки европски акции околу 11,30 часот беше во плус 0,3 отсто, на 1.607 поени, откако вчера потона 0,8 отсто.

Лондонски FTSE индекс беше истовремено во плус 0,60 отсто, на 6.990 поени, додека франкфуртски DAX зајакна 0,10 отсто, на 11.634 поени, а париски CAC се зголеми 0,45 отсто, на 5.106 поени.

Европските берзи делумно закрепнаа од вчерашниот пад, предизвикан од загриженоста на инвеститорите поради грчките должнички проблеми и можното зголемување на каматите во САД.

Најмногу изутрината, за 0,4 отсто, порасна енергетскиот сектор, што се должи на растот на цената на нафтата бидејќи инвеститорите се надеваат дека новите податоци ќе покажат дека залихите на црното злато во САД паднале четврта недела по ред.

Меѓу најголемите добитници е акцијата на Generali, откако италијанската осигурителна куќа објави дека до крајот на 2018. на акционерите ќе им исплати вкупна дивиденда од 5 милијарди евра.

Цените на градежните компании Holcim, Lafarge и CRH пораснаа помеѓу 1,3 и 1,5 отсто, по вестите дека ирски CRH за 6,5 милијарди евра ќе преземе дел од имотот на преостанатите две компании кои се во фаза на спојување.

Позитивно на берзата влијаеа и солидните економски показатели.

„Довербата на потрошувачите во Германија порасна над очекуваното, што во наредните месеци би требало позитивно да влијае на потрошувачката“, вели Маркус Хубер, аналитичар во компанијата Peregrine & Black.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП