4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВолстрит цените на акциите паднаа над 1 отсто

Волстрит цените на акциите паднаа над 1 отсто

volstrit

Цените на акциите на Волстрит во вторникот паднаа над 1 отсто, најмногу за три недели, бидејќи сигналите за раст на американската економија ги поттикнаа шпекулациите дека Фед би можел да ги зголеми каматите порано од очекуваното.

Dow Jones се намали 190 поени, или 1,04 отсто, на 18.041 поен, додека S&P 500 потона 1,03 отсто, на 2.104 поени, а Nasdaq падна 1,11 отсто, на 5.032 поени.

Цените на акциите паднаа во сите 10 сектори на S&P 500 индексот, а најмногу 1,6 отсто, загуби енергетскиот сектор, по остриот пад на цената на нафтата.

Тоа е последица на сигналите за забрзување на растот на американската економија. Вчера објавените извештаи покажаа дека во април американските компании ги зголемиле планираните инвестиции, дека довербата на потрошувачи во мај порасна и дека продолжи растот на цените на куќите.

А минатиот петок претседателката на американската централна банка Џенет Јелен рече дека Фед планира да ги зголеми каматите во оваа година ако ситуацијата во економијата продолжи да се подобрува како што се очекува.

Во минатото тромесечје растот на американската економија забави на само 0,2 отсто на годишно ниво, па инвеститорите се надеваа дека Фед нема во оваа година, туку на почетокот на наредната година да ја заостри монетарната политика.

Сепак, по сигналите за забрзување на растот, се поизгледно е дека централната банка ќе ги зголеми каматите во септември.

Поради тоа во последните денови јакне американската валута, па вчера индексот на доларот, која ја покаува вредноста кон останатите шест водечки светски валути, скокна за 1,3 отсто.

Тоа предизвика пад на цената на сировините и нафтата, чии цени се изразени во долари, а паднаа и акциите на американските мултинационални компании.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП