7 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕврото расте во однос на доларот поттикнато од статистиката

Еврото расте во однос на доларот поттикнато од статистиката

evro-money-evra-evroto

Курсот на единствената европска валута во средата бележи раст во однос на американскиот долар поткрепено од внатрешните статистички податоци.

Еврото ја зголеми својата вредност во однос на доларот и на меѓународните валутни пазари според пресекот во 12 часот по македонско време изнесуваше 1,0902 долари, од 1,0873 долари за евро колку што вредеше на почетокот од тргувањето во средата. Курсот на доларот во однос на јенот порасна на 123,55 од 123,10 јени. Индексот на доларот, вредноста на американската валута во однос на кошницата од шесте валути на земјите најголеми трговски партнери на САД, се намали, пак, за 0,04 отсто, на 97,19 поени.

Ваквиот тренд се должи на показателите коишто во средата ги објави истражувачката компанија GfK, според кои индексот на довербата на потрошувачите во германската економија за јуни пораснал на 10,2 од 10,1 поени колку што изнесуваше во мај, Аналитичарите очекуваа индексот да се намали до 10 поени, а овој показател се покажа како солидна поткрепа за европската валута.

Други значајни економски податоци од Европа и САД во средата, инаку, не се очекуваат. Тоа им овозможува на трговците да шпекулираат за датумот на првото од 2008 година зголемување на каматните стапки во САД и за преговорите во врска со грчкиот долг.

Консолидацијата на еврото е поддржана и од првото по подолг период намалување на курсот на доларот во однос на другите светски валути. Растот на американската валута претходно беше поткрепен од петочните податоци за инфлацијата што ги соопшти Џенет Јелен, челничката на американската централна банка Federal Reserve (Fed). Влијание, исто така, имаа и податоците за довербата на потрошувачите во САД, кои беа објавени во вторникот.

„Вредноста на доларот имаше силен отскок во вторникот на податоците за стоките за широка потрошувачка и довербата на потрошувачите, кои се покажаа не многу подобри од очекуваното. Но овој скок беше краткотраен“, вели за Reuters Ангус Кембел, виш аналитичар во лондонско „FXpro“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП