20 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНаселбите Шуто Оризари и дел од Скопје Север ќе добијат нов водовод

Населбите Шуто Оризари и дел од Скопје Север ќе добијат нов водовод

водов545

Договор за изведба на систем за водоснабдување во општина Шуто Оризари потпишаа во четврток Градот Скопје, ЈП „Водовод и канализација“, Општината Шуто Оризари и компанијата изведувач Хидрострој ЈСЦ од Република Бугарија.

„Се надевам дека со реализација на овој значаен проект ќе го решиме деценискиот проблем со водоснабдување на Општината Шуто Оризари“, истакна по потпишувањето на Договорот градоначалникот Коце Трајановски.

Вкупна вредност на инвестицијата изнесува 182.367.800,96 денари со вклучен ДДВ. Во финансирањето на овој проект Градот Скопје ќе учествува со 43,7%,односно со 79,7 милиони денари, ЈП „Водовод и канализација-Скопје“, исто така, со 43,7%, односно 79,7 милиони, додека Општина Шуто Оризари ќе учествува со 12,6 %, односно 22,9 милиони денари од потребните финансиски средства.

Градот Скопје и Општина Шуто Оризари финансиските средства ќе ги обезбедат по пат на долгорочен домашен под-заем во рамките на средствата обезбедени со Проектот за подобрување на општинските услуги финансиран со заем од Меѓународна банка за обнова и развој – Светска банка,

ЈП „Водовод и канализација – Скопје“ ќе ги обезбеди финансиските средства од сопствени извори во рамки на инвестициската програма, за што Управниот одбор донесе одлука, а Советот на Град Скопје даде согласност.

Новопланираниот систем ќе опфати: изградба на резервоар од 4.350 кубни метри во близина на постојните резервоари, пумпна станица и цевковод со должина од 2,3 km и F=500mm.

Со изградбата на новопланираниот систем за водоснабдување треба да се решат сегашните проблеми на водоснабдување во населбите Шуто Оризари (сектор 32) и дел од Скопје Север (сектор 36).

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП