18 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБразилската економија соочена со повеќе проблеми

Бразилската економија соочена со повеќе проблеми

brazil1155

Рецесијата во бразилската економија оваа година ќе доведе до пад на бруто домашниот производ (БДП) искажано во долари речиси за една четвртина, поради девалвација на реалот.

Како што пишува Фајненшл Тајмс, ажурираниот буџет на Бразил предвидува пад на БДП во 2015 година од 23 проценти, на 1.812 милијарди долари, од 2,353 милијарди во 2014 година.

Бразилската валута реал ќе поевтини во однос на доларот за 21 процент во оваа година и ќе изнесува 3,22 реали за еден долар во однос на 2,66 реали за еден долар, колку што изнесуваше на крајот на 2014 година.

Во националната валута БДП на Бразил ќе се намали за 1,2 проценти во однос на минатата година, но тој резултат ќе биде најлош во последните 25 години.

Во април во Бразил е забележано првото намалување на работните места во тој месец од 1992 година.

Економијата на земјата изгуби 98.000 работни места, додека аналитичатите во просек предвидуваат отворање на 50.000 нови работни места.

Нивото на вработеност во Бразил, притоа е зголемено на највисокото ниво за четири години, од 6,4 проценти.

Бразилската централна банка е принудена да ја зголеми каматната стапка, за да ја запре инфлацијата, која веќе ја надмина горната граница од одредениот лимит (4,5 проценти, плус-минус два процентни поени). До крајот на годината се очекува зголемување на инфлацијаа на 8,26 проценти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП