27 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕразмус плус за проширување на маркетинг знаењата низ Македонија

Еразмус плус за проширување на маркетинг знаењата низ Македонија

erazmus plus111

Во функција на промоција на економските потенцијали на Република Македонија, денеска започна и официјалната реализација на Ерасмус+ проектот ‘Youth Marketing Leaders for Sustainable Development [YouMARK]’, кој во наредната година дена ќе се одржи на повеќе локации во Република Македонија.

Учество во овој проект ќе земат повеќе од 100 млади маркетинг лидери од четири континенти: Австралија, Азија, Африка и Европа. Конкретно, во проектот се вклучени организаци и иниверзитети од 14 држави и тоа од Австралија; Бугарија; Гана; Грција; Италија; Казакхстан; Киргистан; Македонија; Полска; Романија; Словенија; Турција и од Чешката република.

Проектот е подржан од Европската комисија во рамките на Erasmus+ програмата, а негов координатор е Асоцијацијата за истражување, едукација и развој „Маркетинг порта“ – Скопје.

Основна цел на проектот е продлабочување на маркетинг знаењата, пред се, во функција на промовирање на одржливиот развој преку подобро взаемно претставување и информирање во функција на директно поврзување на економиите на државите – учеснички во проектот.

Не толку одамна лицата кои го поседуваа капиталот, земјата, шумите, минералите, ја имаа толку посакуваната компаративна предност во однос на конкуренцијата. Потоа, дојдоа времиња кога требало да се има иновативен производ, добра организација и менаџмент. Кон крајот на минатиот век, компаративна предност беше да се има компјутер, автоматизирано производство.

Денес, компаративната предност е лесна како сонот на пеперутката. Тоа е знаењето, идеjата оживотворена во практична и одржлива иновација… Но, добра идеја без добар маркетинг план останува само добра идеја!

Оттаму, проектот претставува неопходно камче во градењето соодветни одговори на мозаикот прашања што пред себе ги поставува големиот предизвик: Да се пронајде вистинскиот колосек за остварување одржлив развој, кодиран со пазарниот модел на живеење и фокусиран на иднината.

Маркетинг плановите токму се дел од иднината, која треба биде одржлива од економски, социјален и од аспект на заштитата на животната средина.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП