22 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАИталија е кревка, заостанува зад еврозоната

Италија е кревка, заостанува зад еврозоната

italija(1)4455652232

Италијанската економија покажува знаци на закрепнување, но поради кревките економски политики потребно е да продолжи со понатамошното спроведување на амбициозните реформи.

„Економската активност во Италија порасна, иако и понатака заостанува зад просекот на еврозоната во целина“, изјави гувернерот на Италијанската централна банка Инјацио Виско во текот на генералното собрание на италијанската централна банка.

Зголемувањето на извозот и внатрешната побарувачка поттикнува раст на економијата, кој во првиот квартал достигна 0,3 проценти по три години рецесија, пренесува АФП.

Но, активностите на планот иновации се помалку живи отколку во останатите развиени европски држави. Заостанувањето во тој поглед, особено во споредба со Германија, е нагласено во индустриските сектори, додаде гувернерот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП