23 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАForbes: Меркел петта година по ред е најмоќната жена на светот

Forbes: Меркел петта година по ред е најмоќната жена на светот

luksuz-business-najuticajnije-zene-sveta-angela-merkel-forbes-99

Германската канцеларка Ангела Меркел и натаму, петта година по ред, е најмоќната жена на светот, пред поранешната прва дама на САД и екс државна секретарка Хилари Клинтон и Мелинда Гејтс, бизнисменка и филантропка, сопруга на милијардерот Бил Гејтс, покажа годинешново рангирање на магазинот Forbes.

Забележливо е годинава што претседателката на американската централна банка Federal Reserve (Fed), Џенет Јелен, падна од второто на четвртотo место, а на петтото е Мари Бара, генералната директорка на „General Motors“. Директорката на Меѓународниот монетарен фонд (MMФ – IMF), Кристин Лагард од петтото падна на шестото место, а седма е бразилската претседателка Дилма Русеф.

„Меркел во декември 2014 година го освои третиот четиригодишен мандат на чело на најдинамичната земја во Европа“, појаснува Forbes и нагласува дека таа ја победила националната рецесија во текот на светската економска криза, а сега е во фокусот на напорите за помош на Грција да ја придвижи својата економија.

Според Forbes, во 2016 година неа може да ја загрози единствено Хилари Клинтон, која минатата година беше на шестото место на годишната листа од 100-те највлијателни жени на светот. Клинтон, имено, е најсериозен кандидат за претседателската номинација на Демократската партија за изборите кои ќе се одржат во 2016 година.

На листата на магазинот годинава има 19 нови имиња, меѓу кои е и американската Тејлор Свифт, која со 25 години е и најмладата на оваа листа. На листата, исто така, се наоѓаат осум челнички на држави и 15 милијардерки.

Меѓу оние кои годинава испаднаа од листата се американската пејачка Леди Гага, мјанмарската опозициска политичарка Аугун Сан Суу Кји и бразилската манекенка Гизел Биндхен.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП