18 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНово намалување на референтната каматна стапка во Унгарија

Ново намалување на референтната каматна стапка во Унгарија

ungarijabudimpestab46b6bb

Централната банка на Унгарија (MNB) ја намали референтната каматна стапка на нов рекорден минимум од 1,65 проценти.

Стапката е намалена од 1,80 проценти, а ова намалување е веќе трето во последните три месеци, пренесува агенцијата Франс прес.

Потегот беше очекуван поради негативната инфлација во Унгарија и сигналите на централната банка дека во иднина ќе продолжи да ги намалува каматите.

Економистот од компaнијата Capital Economics, Вилијам Џексон, сепак, смета дека стапката нема значително да се намалува, бидејќи се очекува враќање на инфлацијата во позитивната зона.

Инфлацијата во Унгарија е негативна од септември минатата година, а потрошувачките цени во април се намалија за 0,3 проценти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП