28 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОШвајцарската полиција уапси високи претставници на ФИФА

Швајцарската полиција уапси високи претставници на ФИФА

sepp

Официјални лица, меѓу кои не е Сеп Блатер, беа уапсени во раната утринска операција во Цирих.

Уапсени се неколку високи претставници на Меѓународната фудбалска федерација(ФИФА), осомничени за корупција.

Повеќе швајцарски полицајци ненајавено пристигнале во хотелот Баур ау Лак и уапсиле официјални лица на ФИФА кои се на челни позиции во организацијата, луѓе на кои Сеп Блатер се надева на освојување на петтиот мандат на функцијата Претседател на ФИФА.

Обвиненијата се поврзани со наводи за раширена корупција во ФИФА во последните две децении, како и перење пари, уценување и изнудување.

ЦНН јави дека се очекува обвиненија против 14 лица, додека според информациите на ББЦ во моментов се уапсени шест официјални лица.

Сеп Блатер не е меѓу уапсените лица, иако и тој бил дел од групата која била под истрага. Но се шпекулира дека меѓу обвинетите ќе се најдат негови блиски соработници.

Идентитетот на уапсените сеуште не е познат, а обвиненијата се резултат на тригодишната истрага која ја спроведе ФБИ.

ФИФА е под истрага за корупција веќе многу години.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП