20 мај, 2024
ПочетнаКУЛТУРАВечер посветена на рускиот писател Данил Хармс во МКЦ

Вечер посветена на рускиот писател Данил Хармс во МКЦ

даниел---

Вечер посветена на рускиот писател Данил Хармс ќе се одржи денес во 21 часот во Младинскиот културен центар – Скопје.

Според програмата, ќе се читаат негови дела, следени од музичка импровизација во живо, ќе биде изложена мала изложба на цртежи од неговите книги и цртежи инспирирани од неговите дела.

Данил Хармс е авангарден книжевник, сатиричар од раната советска ера, пишува песни, раскази, а се јавува и како детски писател. Целиот свој живот е оспоруван, прогонуван, затворан од советските власти. Повеќето негови дела се објавувани во тајност, па така, вистинско открите за светот станува неколку години по неговата смрт. Умира во 1942, а неговата невиност е призната во 1960 година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП