26 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМеѓународна конференција на тема “Регионално управување со отпад“

Меѓународна конференција на тема “Регионално управување со отпад“

Ohrid-profil

Министерот за животна средина и просторно планирање Нурхан Изаири, денес ќе се обрати на четвртата по ред меѓународна конференција на тема “Регионално управување со отпад“ која се одржува во Охрид.

На настанот поздравно обраќање ќе имаат и извршниот директор на АДКОМ, Лолита Стојановска, претседателот на АДКОМ, Игор Спасовски, претставникот на ЈП Комунална хигиена-Скопје, Ракип Дочи, заменик на градоначалникот на Град Охрид, Ангел Јанев и претставник од ЗЕЛС.

На конференцијата, домашни и странски експерти ќе ги презентираат сопствените искуства од областа на управување со отпадот, како едно од најзначајните прашањата поврзани со заштитата на животната средина, а истовремено ќе се разгледаат и можностите за правецот во кој треба да се движиме и начинот на кој треба да се третира околината.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП