19 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈААМСМ: Прекин на сообраќајот поради минирање на патот Скопје-Велес

АМСМ: Прекин на сообраќајот поради минирање на патот Скопје-Велес

avtopat152

На патниот правец Скопје – Велес, денес, од 52 км до 53 км (после манастирите), поради изведување градежни работи на пат (минирање) сообраќајот ќе биде во прекин од 10:00 до 12:00 часот. Во зависност од обемот на работите, можни се повремени пропуштања на возила.

На останатите патни правци сообраќајот се одвива по наместа влажни коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.

Од АМСМ со препорака до возачите да возат внимателно, да ја прилагодуваат брзџината согласно условите кои владеат на патот и да ја почитуваат поставената сообраќајна сигнализација.

Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Кочани – Делчево, Виница – Берово каде е можна почеста појава на одрони.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП