5 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВаруфакис ги повика доверителите на Грција да се усогласат

Варуфакис ги повика доверителите на Грција да се усогласат

Yanis Varoufakis

Грчкиот министер за финансии Јанис Варуфакис ги повика во вторникот грчките доверители меѓусебно да се договорат, бидејќи во спротивно враќањето на долгот уште долго нема да може да се оствари.

„Веќе четири месеци ги исполнуваме своите обврски кон доверителите и целосно ја исцрпевме грчката економија. Тоа не може да трае бесконечно долго и нашите доверители се свесни за тоа. Дојде моментот да се усогласат и да ја направат последната четвртина од патот, имајќи предвид дека ние веќе изодевме три четвртини“, изјави за CNN грчкиот министер за финансии Јанис Варуфакис.

Спротивно од тврдењата на министерот за внатрешни работи Никос Вуцис, кој во неделата изјави дека Грција веќе нема повеќе пари во јуни да го врати долгот кон Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), Варуфакис нејасно одговори на ова прашање: „Договор, секако, треба да биде постигнат… сите знаат дека Грција не може да продолжи со големите исплати кон ММФ, доколку нема договор…, тоа е прашање на здравиот разум“.

Висок германски функционер во вторникот за Reuters изјави денам нема причини да се верува дека Грција нема да ги исполни обврските во зададениот рок. Истовремено функционери од еврозоната известија дека замениците министри за финансии на земјите членки на монетарната унија во четврток ќе одржат телеконференциски состанок, како продолжување на преговорите меѓу претставниците на Грција – ММФ, Европската централна банка (ECB) и Европската комисија.

Грција во периодот меѓу 5-ти и 15-ти јуни на ММФ мора да му врати четири заеми во вкупен износ од 1,6 милијарди долари, а првиот дел од исплатата на 5-ти јуни треба да изнесува 300 милиони евра.

Доколку не биде постигнат договор меѓу ЕУ и ММФ за новите заеми за Атина, Грција најверојатно нема да биде во можност да го почитува првиот рок за исплатата на 5-ти јуни, што би можело да иницира постапка којашто може да доведе до излегување на земјата од еврозоната.

Меѓутоа, висок германски функционер, кој сакал да остане анонимен, вели дека охрабрувачки тоа што Грција покажала волја да ги исполни своите обврски. „Мислам дека имама причина да веруваме дека Грција во зададениот рок ќе ги исполни своите обврски“, рече, пренесува AFP.

Еврокомесарот Пјер Московиси во вторникот повика на забрзување на преговорите за што поскоро да се постигне договор меѓу Грција и нејзините доверители. „Свесни сме за проблемот со ликвидноста со кој е соочена Грција и затоа е извонредно важно да се забрзаат преговорите во Брисел. Во последните неколку седмици забележан е напредок, Имаме конкретни предлози за реформите, меѓутоа пред нас има уште многу работа. Немаме план Б. Само еден е планот – силна Грција која останува во еврозоната“, рече Московоси на маргините од конференцијата во Дабпин.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП