8 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЗајакнатиот долар и зголеменото производство ја притиснаа цената на нафтата

Зајакнатиот долар и зголеменото производство ја притиснаа цената на нафтата

nafta bareli2

Цената на барел нафта падна во вторникот на светските берзи близу 65 долари, притисната со можно зголемување на американското производство од шкрилци и зголемениот курс на доларот.

На лондонската берза цената на барелот падна 45 центи во однос на претходното затворање, на 65,07 долари. На американската берза со барелот се тргува по 43 центи пониска цена, од 59,29 долари. Одделно OPEC во вторникот на својата интернет страница објави дека цената на барел референтна кошничка негова нафта во понеделникот изнесувала 61,18 долари, што е пад од 85 центи во однос на претходниот ден.

Бројот на активни бушотини во САД се намали во минатата недела за само една локација, покажаа податоците објавени во петокот, а Goldman Sachs објави дека актуелното ниво на цените ги поттикнува активностите.

Доларот, пак, во вторникот достигна највисоко ниво за последниот месец кон кошмичката светски валути, а од Morgan Stanley проценуваат дека би можел да јакне и во претстојниот период, што ја намалува куповната моќ на оние кои поседуваат други валути, што ја придушува побарувачката за нафта.

„Главен товар за цената беше значителното јакнење на американскиот долар. На тоа се надоврзуваат и сигналите за застојот во трендот на намалување на активностите на ископини во американското производство од шкрилци во последните 23 недели“, рече Карстен Фрич од франкфуртски Commerzbank.

Претставниците на Организацијата држави-извознички на нафта (OPEC) ќе се состанат на 5 јуни на редовен состанок со цел повторно да ја разгледаат производствената политика. Во ноември го задржаа постоечкото ниво на производство за да го заштитат пазарниот удел во услови на процут на американското производство од шлирци, кој е поскап извор на снабдување.

Иран, пак, во неделата објави дека е мала веројатноста OPEC на јунскиот состанок да го намали нивото на производство.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП