20 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕврото падна под 1,09 долари

Еврото падна под 1,09 долари

evro dolar 94

Курсот на доларот зајакна денес на светските девизни берзи за еден отсто кон кошничката валути, продолжувајќи го нагорниот тренд од минатиот петок темелен на подобрените податоци за инфлацијата, при што курсот на еврото падна под 1,09 долари.

Индексот на доларот, кој ја мери вредноста на американската кон останатите шест светски валути, изутрината достигна 97,109 поени, највисоко ниво за последниот месец, но подоцна благо се намали на 96,956 поени.

Еврото притоа во еден момент падна на 1,0885 долари, по што се стабилизираше на 1,0900 долари, што значи дека доларот зајакана кон еврото за 0,6 отсто во споредба со претходниот ден.

Истовремено доларот забележа највисоко ниво кон јенот за два месеци, искачувајќи се на 121,79 јени.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП