15 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИGM ќе добие парична казна од над 1,2 милијарди долари

GM ќе добие парична казна од над 1,2 милијарди долари

kluc chevrolet 22

Министерството за правда на САД има намера да го казни концернот „GM“ со рекордна сума за прикривање информации за опасни дефекти во автомобилите, кои доведоа до смртни случаи. Ова го тврди весникот „The New York Times“.

Според информациите уште во 2004-та година во концернот биле свесни дека дел од произведените автомобили имаат дефект во палењето, поради кој положбата на клучот на стартерот сам ја менува својата положба. Како резултат од тоа моторот на возилото може да се исклучи за време на движење, а воздушните перничиња да не проработат.

Од Министерството се категорични дека овој дефект е причина за смртта на 104 лица, додека од „GM“ признаваат само за 13 слични случаи. Ако се докаже дека менаџерите на концернот биле свесни за проблемот, но не презеле мерки, изречената казна ќе биде во висина од повеќе од 1,2 милијарди долари.

Ова ќе биде рекорд, бидејќи токму 1,2 милијарди долари плати „Toyota“ во 2014-та година за слично обвинение. Судот ќе ја изрече својата одлука на крајот на летото. Се очекува вкупната сума на колективната тужба, поднесена против „GM“ да достигне речиси 10 милијарди долари.

Сервисната акција на автомобилите на „GM“ со дефект во палењето беше прогласена во февруари 2014-та година и беа повлечени 26,5 милиони автомобили, а меѓу нив се „Cadillac Deville“ (2000-2005 година), „Buick Regal LS“ и „GS“ (2004-2005) , „Cadillac DTS“ (2004-2011), „Buick Lacrosse“ (2005-2009), „Chevrolet Monte Carlo“ (2006-2008), „Buick Lucerne“ (2006-2011) и „Chevrolet Impala“ (2006-2014).

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП