18 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕвропските берзи втор ден под притисок

Европските берзи втор ден под притисок

berza frankfurt

Цените на акциите на европските берзи паднаа денеска втор ден по ред, најмногу во Шпанија, додека обемот на тргување е поголем од вчера, кога поради празник не работеше лондонската и фракфуртската берза.

FTSEurofirst индексот на 300 водечки европски акции околу 11,30 часот беше во минус 0,4 отсто.

Лондонски FTSE истовремено беше во минус 0,55 отсто, на 6.992 поени, додека франкфуртски DAX ослабна 0,60 отсто, на 11.742 поени, а париски CAC 0,40 отсто, на 5.098 поени.

Под најголем притисок денеска се најдоа акциите на шпанските банки Popular, Sabadell и Caixabank, кои поевтинија околу 2 отсто.

Шпанската берза е под притисок од вчера бидејќи во неделета владејачката народна партија на премиерот Мариано Рахој забележа слаб резултат на локалните избори, што се толкува како незадоволство на гласачите по четири години остри мерки на штедење и низа корупциски скандали.

„Берзите се обидуваат да дознаат што се случува во Шпанија. Политичките сили се противат на мерките на штедење кои ја разнишаа владата, па инвеститорите се вознемирени“, вели Мајкл Хјусон, аналитичар во компанијата CMC Markets.

На берзата во Атина цените на акциите, пак, денеска благо пораснаа, по вчерашниот остар пад, но се тргува многу несигурно бидејќи нема никаков напредок во преговорите помеѓу грчката влада и нејзините кредитори од еврозоната во врска со решавање на грчките должнички проблеми.

Грција сеуште не предложила веродостоен план на реформи на кој инстисираат нејзините кредитори, иако порача дека без дополнителна помош нема да може да му ја отплати ратата на ММФ која доспева во јуни.

Меѓу ретките добитници денеска беше акцијата на Ryanair, со раст на цената за 5 отсто, откако ирскиот авопревозник извести за значителни поголема добивка од очекуваното во минатата фискална година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП