25 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗВраќање на класичниот модел 911 Targa

Враќање на класичниот модел 911 Targa

2014-Porsche-911-Targa-spied-profile-1-1024x640

На задоволство на традиционалистите, Порше се враќа на класичен дизајн на преклопен покрив кај моделот 911 „Targa“. Прототипот на новата генерација на оваа компанија е снимен во текот на зимските тестови во северните области на Скандинавија.

Порше уште од средината на шеесетите години на дваесетиот век на купувачите им нудеше „Targa“ верзија на моделот 911 со цврст преклопен покрив. Меѓутоа, од 1993 година и генерацијата 993, овој механизам го отстапи местото на таканаречениот лизгачки стаклен кров.

Германскиот производител одлучи најновата генерација на моделот 911 „Targa“ повторно да добие ретро верзија со централен покривен панел кој се симнува, широк рол-бар зад него и фиксирано задно стакло.

Порше на прототипот „Targa“ покривот го маскираше со платно, така што автомобилот ќе изгледа на класичен кабриолет со мек покрив, но тоа не успеа да ги измами „шпиунските“ фотографи.

За разлика од новиот покрив, кај погонскиот агрегат не би требало да има изненадувања. Се очекува новото Порше 911 „Targa“ во основната верзија да биде опремен со 3.4 литарски шестцилиндричен мотор со 350 коњски сили, додека „S“ верзијата ќе биде придвижувана од 3.8 литарска единица која располага со 400кс.

Моторите ќе бидат поврзани со седумбрзински рачен менувач или седмостепена автоматска трансмисија.

Се очекува новата Порше 911 „Targa“ својата премиера да ја има на Саемот за автомобили во Франкфурт.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП