2 мај, 2024
ПочетнаКУЛТУРААнсамблот на прилепскиот театар прогласен за најдобар ансамбл на фестивал во Бугарија

Ансамблот на прилепскиот театар прогласен за најдобар ансамбл на фестивал во Бугарија

ansamlot 33

Ансамблот на прилепскиот театар „Војдан Чернодрински“ е прогласен за најдобар ансамбл одигрувајќи ја претставата „Буре барут“ на меѓународниот фестивал на НЕТА кој по петти пат се одржа во Враца, Бугарија. Претставата е од Дејан Дуковски, а е во режија на Наташа Поплавска.

Жирито во состав Нора Макарова од Русија(претседател) и членовите Веселина Гулева од Бугарија и Тодор Кузманов и Гоце Ристески од Македонија сметале дека претставата „Буре барут“ ансамблот на 26 издание на фестивалот на камерна сцена во Враца ја одиграл маестрално и токму затоа му ја доделиле наградата за најдобар ансамбл.

„Наградата на театарот „Војдан Чернодрински“ му се додели заради високото професионално ниво на актерската игра, која се одликува со сугестивност и ентузијазам, заради што истата прераснува и се доживува како актерска симултанка, која од претставата прави жив и пулсирачки сценски чин“ вели членот на жирито, театарологот Тодор Кузманов.

Ова е  второ меѓународно признание за претставата „Буре барут“ и за ансамблот. Минатата година на актерката Даниела Иваноска и беше доделена наградата за споредна женска улога на фестивалот на актери во Никшиќ, каде исто така настапот на овој театар беше одлично оценет.

Инаку, речиси целиот ансамбл на театарот деновиве е вклучен во интензивните подготовки на претставата „Премиера во сабота“ по текст и во режија на Коле Ангеловски, која премиерно ќе биде изведена во првата половина на јуни.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП