ПочетнаЕКОНОМИЈАНевработеноста во Грција повторно се зголемува

Невработеноста во Грција повторно се зголемува

gr1

Стапката на невработеност во Грција се искачи на 26 проценти во четвртиот квартал од минатата година, соопшти денес Канцеларијата за статистика „Асе“.

Во соопштението се наведува дека стапката на невработеност во трeтиот квартал изнесувала 24,8 проценти.

Во изминатите три месеци бројот на невработени е зголемен на 1,265,535 додека 3,681,926 лица се регистрирани како невработени.

Според податоците, жените се почесто остануваат без работа и процентот на невработеност кај нив изнесува 29,7, а кај мажите тој процент е 23,3.

Најголема стапка на невработеност е забележана кај младите 57,8 проценти.

Грција е во рецесија од 2008 година и невработеноста во таа земја постојано се зголемува.

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП