ПочетнаЕКОНОМИЈАМакедонија го поддржува унапредувањето на регионалната соработка во форматот на ПСИЈЕ

Македонија го поддржува унапредувањето на регионалната соработка во форматот на ПСИЈЕ

psije9999

Заменик министерот за надворешни работи Драгана Кипријановска во вторникот учествуваше на Самитот на шефови на држави и Влади на ПСЈИЕ, кој се одржа во Тирана.

Кипријановска во своето обраќање ги изнесе погледите на Македонија за унапредување на регионалната соработка особено во форматот на ПСЈИЕ, како и за унапредување на меѓусебната поврзаност на земјите од регионот со посебен фокус на развивање и модернизација на инфраструктурата, поттикнување на економско управување и економски развој, трговија и промовирање на инвестициите, преку заеднички мерки земајќи ја предвид стратегијата ЈИЕ 2020.

За време на Самитот, со кој се заокружува претседавањето на Албанија со ПСЈИЕ беше усвоена завршна Декларација на Самитот, Годишниот извештај на РСС 2014-2015 како и беше одобрено назначувањето, односно ре-изборот на Горан Свилановиќ за Генерален Секретар на РСС со седиште во Сараево.

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП