25 април, 2024
ПочетнаКАРИЕРАИзбегнете ја јануарската депресија на работа

Избегнете ја јануарската депресија на работа

depresija1

По празниците, вкусната храна и дружењето, речиси никој не сака да се врати на работа, затоа не е ни чудно што јануарската депресија влијае на многу луѓе. Еве неколку совети како да ја прескокнете и да се чувствувате подобро во сопствената кожа.

 

Започнете свежи

Време е да престанете да грицкате калорична храна и колачи во комбинација со филмови и забава до доцна во ноќта. Во деновите кога не сте на работа, одвоете се од неа и ментално и физички. Одморете се, вратете и се на здравата исхрана и започнете со работа свежи и одморени. Ова би требало да ви помогне повторно да ја стекнете концентрацијата и силата за работа.

 

Задоволете се себеси

Тоа не значи дека треба да започнете со шопинг бидејќи насекаде има најава за големи намалувања, туку значи да го започнете денот со мало изненадување. Тоа може да биде вкусно пециво или шоља одлично кафе, нешто едноставно, но доволно убаво за да го подобри вашиот работен ден.

 

Дојдете малку порано на работа

Ова на малкумина ќе им се допаѓа, но постои добра причина за овој предлог. Бидејќи за време на празниците неработните денови се во голем број, а работата стои, полесно ќе ви биде неколку дена да доаѓате порано на работа и да ги расчистите сите заостанати пораки, меилови и обврски,со цел да ја намалите нервозата. На овој начин ќе имате и повеќе време да поразговарате со вашите колеги за впечатоците од празниците.

 

Организирајте ја работата

По враќањето на работа сигурно ќе ве пресретне барем една непланирана задача, па затоа распоредете ги новите проекти кои задолжително мора да ги започнете, а тргнете ги на страна оние проекти кои можете да ги одложите на неколку дена. Избегнете ги евентуалните проблеми и исполнете ги сите очекувања на шефот и колегите.

 

Упорноста се исплати

Не заборавајте дека не сте единствената личност која ја чувствува јануарската депресија. Но, ова не значи дека треба да се соживувате со колегите и да се вклучите во колегијалното жалење, туку направете нешто за да ги промените работите. Бидете пример за другите и истакнете ја својата позитивност која многу брзо ќе премине и на останатите, бидејќи никој не сака да биде нездоволен и депресивен.

Многу е важно времето надвор од работата да го пополните со омилените активности кои немаат никаква врска со работата. Сигурно имате планови и цели за оваа година, организирајте ја работата за нивното исполнување и останете насмеани.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП