9 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГодишен состанок на Регионалниот Совет за соработка во Тирана

Годишен состанок на Регионалниот Совет за соработка во Тирана

aab

На годишниот состанок на Регионален совет за соработка (РСС) кој се одржа во петокот во Тирана беше забележана силна поддршка на трудот на оваа организација регионот економски да закрепне и да се забрза процесот на ЕУ интеграција.

Домаќинот на средбата, албанскиот министер за надворешни работи  Дитмир Бушати посочи дека РСС го покажа своето значење преку тоа што ја поттикна позитивната соработка во регионот и неуморно работи кон креирањето на нов Балкан – регион каде владее мир и просперитет. Господинот Бушати ја истакна потребата за уште поголема координација на регионалните напори како и поголема вклученост на граѓанското општество во процесот.

Генералниот секретар на РСС, Горан Свилановиќ говореше за потребата регионот да ја подобри врската со ЕУ, да демонстрира нов дух и култура на соработка и да се фокусира на раст и создавање на нови работни места. „И покрај предизвиците аспирантите од Југоисточна Европа покажаа значителен напредок во процесот на евро-интеграција.“, појасни Свилановиќ. Тој додаде дека главната улога на РСС е да гради мостови и да придонесува кон обидите за економско закрепнување во регионот.

aac

Српскиот вице премиер и министер за надворешни, Ивица Дачиќ, зборуваше за потребата да се подобри бизнис атмосферата во регионот и го пофали РСС за промовирањето на заедничкиот дијалог. Годишниот состанок исто така ја поддржа кандидатурата на Горан Свилановиќ за втор мандат како генерален секретар на РСС, како и за годишниот извештај за Регионална соработка во југоисточна Европа 2014-2015.

По годишниот состанок, РСС ја презентираше табелата со резултати за југоисточна Европа, механизам за мониторирање и следење на напредокот во регионот како и недостаток на истиот во економска сфера. SEEDS, (www.rcc.int/seeds) е сеопфатна веб платформа која ја содржи исцрпните анкети од јавниот и деловен сектор (http://rcc.int/seeds/results/2/balkan-opinion-barometar, http://rcc.int/seeds/results/3/balkan-business-barometar), мислења на експерти (http://rcc.int/seeds/focus/1/unemployment-the-biggest-challenge-facing-the-region) како и vox populi – гласот на обичните луѓе од регионот (http://rcc.int/seeds/focus/1/unemployment-the-biggest-challenge-facing-the-region). Тоа овозможува било кој корисник да ја набљудува имплементацијата на регионалната стратегија за развој југоисточна Европа (SEE) 2020 и им дозволува да прават паралела каква е нивната економија во споредба со другите.

Претставувајќи ја SEEDS веб платформата, SEE2020, координаторот, Сањин Арифагиќ, изјави „Систем за набљудување како што е овој е неопходен за да можеме да видиме каде грешиме и што треба да се промени. Потребни се мерливи големини за да можеме да се подобриме, а SEEDS е создаден за токму таа причина.“

aab

Коментирајќи за платформата и што таа нуди, директорот на албанскиот медиа институт, Ремзи Лани, рече дека анкетата на јавно мислење на Балканскиот Барометар покажува две брзини на Балканот: брзината на ЕУ интеграција и брзината на регионалната соработка. Иако преовладува брзината на ЕУ интеграцијата, брзината која ја создава РСС извршува одлична работа во зајакнување на регионалната соработка.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП