9 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИХЕЦ „Шпилје“ произвела 60 милиони киловат часови електрина енергија

ХЕЦ „Шпилје“ произвела 60 милиони киловат часови електрина енергија

spilje

Поволната хидрологија на дебарското сливно подрачје, кое ги опфаќа реките Радика и Црн Дрим, условија трите агрегати на ХЕЦ „Шпилје“ кај Дебар да работат под полн капацитет, призведувајќи по околу два милиона киловат часови електрична енергија дневно.

Од почетокот на годинава произведени се околу 60 милиони киловат часови електрична енергија, што претставува остварување на годишниот план за околу 25 отсто.

Средниот дотек на вода во акумулацијата „Дебарско Езеро“ моментално изнесува 56 кубни метри вода во секунда. Во акумулацијата има резерва на вода за производство на 30 милиони киловат часови електрична енергија. До максималната кота (580 метри) има уште околу четири метри.

Доколку дојде до прелив преку преливната шахта, поради конфигурацијата на теренот опасност од поплави во поширокиот дебарски регион нема.

Доколку продолжи поволната хидрологија и во наредниот период од годинава, годишниот план од 252.082 милиони киловат часови се очекува да биде остварен, па и надминат. Лани беа произведени 241 милиони и 271 илјади киловат часови електрична енергија што претставуваше натфрлување на планот за околу 2 отсто.

Во 44-годишното постоење на хидроцентралата, максимално рекордно производство на електрична енергија е забележано во 2011 година, кога беа произведени околу 560 милиони киловат часови, поради исклучително поволната хидрологија, што, според стручните лица, се случува еднаш на сто години.

Под полн капацитет работи и ХЕЦ „Глобочица“, која заедно со „Шпилје“ го сочинуваат системот хидроцентрали „Црн Дрим“,  испорачувајќи енергија во согласност со потребите на електроенергетскиот систем. И двете хидроцентрали се во одлична кондиција и се спремна да ги примат и преработат сите количини на вода кои доаѓаат.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП