8 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКина има план: Повеќе ќе се троши

Кина има план: Повеќе ќе се троши

kina-kineskata-ekonomija-china

Кина од 1. јуни ќе ги преполови царините за увоз на гардероба, козметика и други производи во рамките на новата тактика за поттикнување на домашната потрошувачка и економскиот раст.

Пекинг покрена маратонски напори во обид да ја намали зависноста од трговијата и инвестициите како поттикнувачи на економскиот раст и да ја поттикне домашната потрошувачка, пренесува агенцијата АП.

Намалените царини ќе стапат на сила на 1. јуни со цел разумно зајакнување на увозот. Зајакнувањето на домашната побарувачка е важен фактор за економскиот раст и структурното прилагодување, соопшти денес кинеското Министерство за финансии.

Намалувањето на царината се однесува на увозот на гардероба, обувки, производи за нега на кожа, храна и опрема за бебиња и кујнски прибор.

Растот на малопродажбата во Кина забави во април на 10 од 10,2 проценти во март, потфрлувајќи во однос на очекувањата дека ќе порасне на 10,4 проценти. Увозот истовремено се намали за 16,2 проценти на годишно ниво, укажувајќи на слабеење на домашната побарувачка.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП