4 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗНовата генерација Skoda Superb Combi (фото)

Новата генерација Skoda Superb Combi (фото)

ssc 1

Чешката марка „Skoda“ ја покажа официјално новата генерација на комби верзијата на својот предводник „Superb“. Моделот ќе се појави пред публиката на автосаемот во Франкфурт наесен, за кога е закажан и старот на продажбата.

ssc 2

Skoda Superb Combi“ ги продолжува традициите на претходните генерации, нудејќи водечки волумен на багажникот и просторност во кабината. Значајна разлика сепак има во дизајнот, кој е далеку подинамичен и стилски. Автомобилот е изработен на платформата „MQBb“ користена и за лимузина „Superb“.

ssc 3

Што се однесува до димензиите, новиот „Superb Combi“ има меѓуоскино растојание од 2841 mm и багажник со волумен од цели 660 литри, или за 27 литри повеќе од претходникот. При преклопувањето на задните седишта обемот се зголемува до импресивни 1950 литри.

ssc 4

Палетата на мотори на новиот „Superb Combi“ е позајмена од онаа на лимузината „Superb“. Тоа се нова генерација бензински и дизел турбо агрегати кои нудат меѓу 120 и 280 КС. Моторите го покриваат стандардот „Евро6“ и стандардно се опремени со системот „старт-стоп“. Пренос се врши со рачна или автоматска „DSG“ трансмисија, а за некои модификации се предлага систем 4х4.

ssc 5

Сите детали за новата „Skoda Superb Combi“ ќе бидат објавени за време на автомобилскиот саем во Франкфурт во септември.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП