19 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАУмерен сообраќај надвор од градските средини

Умерен сообраќај надвор од градските средини

avtopat152

Сообраќајот на сите патишта низ Македонија се одвива по наместа влажни коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Кочани – Делчево, Виница – Берово каде е можна почеста појава на одрони.

На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.

Во среда 27.мај патниот правец Скопје – Велес, од 52 км до 53 км (после манастирите), поради изведување градежни работи на пат (минирање) сообраќајот ќе биде во прекин од 10:00 до 12:00 часот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП