петок, 7 октомври 2022
ПочетнаЕКОНОМИЈАОд Охрид во летната сезона нови авионски линии кон Базел и Лондон

Од Охрид во летната сезона нови авионски линии кон Базел и Лондон

sv.pavle

Од Охрид во периодот на новата летна сезона се воведуваат летови за Базел и за Лондон, што за патниците ќе значи поедноставен транспорт, нови можности за туризам и бизнис, а за концесионерот зголемени приходи, информираат од операторот со охридскиот ареодром „св. Апостол Павле“ -ТАВ „Македонија“.

Од компанијата притоа констатираат дека е забележано како зголемување на бројот на патници, така и на компании кои оперираат од домашните аеродроми.

„Откога ТАВ раководи со двата аеродрома во Република Македонија имаме големо зголемување на бројот на патници и на авиооперации. За пет години растот изнесува 75 отсто, што на крајот доведе до тоа миантата година да ја натфрлиме бројката од милион патници. Во моментов од скопскиот аеродром опслужуваме 26 европски дестинации и една интерконтинентална линија до Дубаи, а од јуни и јули се воведуваат и нови линии“, рече Зоран Крствески, директор на „ТАВ Македонија“.

Од Скопје по двапати во седмицата се лета за Барселона, Осло, Нирнберг, Хамбург и Фридрисхафен, а во јуни и јули македонската престолнина ќе добие нови авионски врски со европските центри.

Во летниот ред на летање, кој важи до 24-ти октомври 2015-та година, операторите на располагање ги имаат следните дестинации: Барселона, Базел, Белград, Брисел, Келн, Дортмунд, Дизелдорф, Дубаи, Ајндховен, Франкфурт, Фридрисхафен, Женева, Гетеборг, Хамбург, Истанбул, Љубљана, Лондон, Малме, Милано, Минхен, Нирнберг, Осло, Париз, Рим, Сплит, Стокхолм, Венеција, Виена, Загреб и Цирих.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП