26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСемејствата Порше и Пих најбогати во Австрија

Семејствата Порше и Пих најбогати во Австрија

por-pi

Истоимените семејства коишто поседуваат најголеми удели во автомобилските магнати „Porsche“ и „Piech“ и натаму се на врвот до листата на најбогатите Австријци, објавува деловниот весник Trend.

Според пресметката на весникот, вкупниот имот на семејствата Порше и Пих се зголемил во однос на минатата 2014 година од 44,8 на 65 милијарди евра. На второто место доаѓа сопственикот на „Red Bull“, Дитрих Матешиц со 7,6 милијарди евра, пред семејството Флик со 7,2 милијарди евра.

Марија-Елизабет Шефлер, сопственичка на истоимената компанија за снабдување на автомобилската индустрија и голема акционерка во компанијата „Continental“, е на шестото место меѓу најбогатите Австријци, со 4,16 милијарди евра. За една година таа според богатството ги надминала и семејството Сваровски и политичарот и бизнисмен Франк Штронах.

Богатството го зголемил и Клаус Ортер, косопственик на вториот по големина австриски концерн „Porr“, кој бил успешен во тргувањето на берзите, и сега неговото богатство е проценето на 910 милиони евра.

Вкупниот имот на 100-те најбогати Австријци е проценет на околу 170 милијарди евра, тврди магазинот во изданието коешто ќе биде објавено во вторник, пренесува агенцијата APА. Една година порано, нивната сопственост беше проценета на вкупно 160 милијарди евра, се додава. Околу 108 милијарди евра се наоѓаат во рацете на најбогатите семејства.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП