3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАШвајцарија објавува листа со можни странски затајувачи на данок

Швајцарија објавува листа со можни странски затајувачи на данок

imim

Швајцарската управа за даноци започна со објавување на имињата на можни затајувачи на данок од странство, со што реагира на многубројните барања за правна помош, објави во понеделникот весникот Sonntagszeitung.

Франција, Германија, Русија, Индија и уште многу неколку земји бараат од Швајцарија информации за лица коишто се осомничени за затајување данок, која на тие барања реагира со објавување на имињата на тие лица во швајцарскиот службен весник, кој на интернет е достапен на сите заинтересирани. Весникот Sonntagszeitung, коментира дека станува збор за „невообичаена постапка“ со којашто швајцарската даночна управа сака да им даде можноста на тие лица да ги „искористат правните средства“.

Меѓу лицата чии имиња се објавени има и познати лица. Така, како што пишува весникот, едно од нив е Франциско Хозе Ортиз фон Бизмарк, правник на првиот во историјата канцелар на Германија, во чиј случај Германија од Швајцарија бара правна помош.

Швајцарската даночна управа тврди дека повеќе од кога и да е досега е изложена на бројни барања за правна помош. „Невообичаено е да се објават имињата на лицата за кои се однесува барање за правна помош“, признава за Sonntagszeitung претставникот на даночната управа Александр Дима, но вели дека тоа е потребно бидејќи многу земји не дозволуваат директен контакт со односните лица. Банките, според Дима, очигледно немаат премногу интерес за барање на своите клиенти, особено поради тоа што многумина од нив воопшто немаат банкарски сметки во Швајцарија.

Објавувањето на имињата истовремено преставува и уривање на едно табу во Швајцарија, имајќи предвид дека сега сите заинтересирани може да ги видат имињата на оние за коишто се заинтересирани даночните власти од одредени земји. „Чудно е што истата швајцарска даночна управа од странските органи на власта бара да не ги објавуваат податоците што ги добиле од Швајцарија“, пишува натаму Sonntagszeitung.

Во случајот на Германија и Индија се поставува и дополнително прашање, дали, можеби, барањата за правна помош не потекнуваат од украдени податоци, пишува натаму весникот, потсетувајќи на случајот со податоците коишто властите од тие земји ги купиле од посредници. „Не сме сигурни дали станува збор за украдени податоци. Постои само принципот на доверба“, одговара Дима.

Многумина од оние за кои се однесуваат ваквите барање воопшто не знаат дека можат да преземат правни мерки за да ги спречат таквите истраги, вели за Sonntagszeitung адвокатот Андреас Руд.

Во крајна линија, нема да бидат објавени целите имиња на сите потенцијални даночни должници. Американските државјани коишто се наоѓаат на списокот, на пример, ќе бидат објавени само со иницијали.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП