25 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИДобро е да се биде банкар: Плата од 7 милиони евра

Добро е да се биде банкар: Плата од 7 милиони евра

serdzo2

Директорот на швајцарскиот банкарски гигант УБС, Серџо Ермоти, минатата година заработил 8,9 милиони франци (7,2 милиони евра) во плата и бонуси.

Неговата заработувачка минатата година се зголемила за 39 проценти во споредба со 2011 година, кога тој заработил 6,4 милиони франци.

Ермоти во ноември 2011 година е именуван за извршен директор на УБС, заменувајќи го Освалд Грубела, кој од оваа функција поднесе оставка поради скандалот со банкарот Кевкиј Адобили од УБС кој проневери 2,3 милијарди евра.

Годишниот извештај на УБС потврди дарежлив бонус од речиси 25 милиони франци кој му бил доделен и на италијанскиот банкар Андреј Орчел, со цел да го убедат да премине од „Банк оф Америка“ на чело на банкарската единица на УБС.

Орчел во јуни минатата година дојде во УБС и од тогаш тој е задолжен за контрола на големата реорганизација на инвестициската банка, која во последните неколку години се наоѓаше во центарот на бројните скандали и која ја оптерети УБС со катастрофални загуби во текот на кризата од 2008 година.

УБС во инвестицискиот оддел најави откази за 10.000 вработени до 2015 година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП